СДСМ: Ако Македонија беше рај, зошто Carrefour го затвори супермаркетот?

0
872

Познатиот ланец на супермаркети Carrefour го затвори супермаркетот во Скопје Сити мол оставајќи долгови кон домашните компании и банки, коментира СДСМ.

„Во Македонија владеат Undoingbussiness услови за работа и водење бизнис и доказ за тоа се токму ваквите заминувања од Македонија на светски познатите брендови како што е Carrefour. Домашните бизниси го селат својот капитал во странство, а светски познатите комапнии ја напуштаат Македонија. Само во виртуелниот свет на Никола Груевски Македонија е меѓу првите земји во светот по водење бизнис. Резултат на промашените економски политики на Груевски се огромни долгови на сметка на домашните фирми и вработени оставени на улица без работа. Ако беше Македонија земја рај за водење бизнис, како што лаже Груевски, Carrefour ќе отвореше повеќе супермаркети низ цела Македонија. Но, Carrefour го затвори супермаркетот, оставајќи вработени на улица и долгови кон домашните компании“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Според оваа партија, Undoingbusiness условите за водење бизнис што Груевски ги создаде затворија 10.000 домашни фирми и ја оставија секоја трета фирма во Македонија со блокирана сметка.