СДСМ: Ако Јанева не го преземе „Пуч“ до 2 декември, Заев нема да се појавува во судот

0
1003

Доколку Специјалното обвинителство го преземе предметот за случајот „Пуч“ до следното рочиште закажано за 2 декември, тогаш претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе се појави на судењето, а доколку тоа не се случи дотогаш, тој повторно нема да дојде на закажаното рочиште, велат од СДСМ.

sdsm-bihacka

„Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, останува на истиот став соопштен и во јавноста и во судот во однос на конструираниот случај „Пуч“. Доколку Специјалното јавно обвинителство го преземе предметот за конструираниот случај „Пуч“ до следното закажно рочиште, на 2 декември, тогаш претседателот Зоран Заев ќе се појави на судењето.
Доколку дотогаш Специјалното јавно обвинителство не го преземе предметот за конструираниот случај „Пуч“, претседателот Зоран Заев нема да се појави на закажаното рочиште“, се вели во соопштението на СДСМ.

На денешното рочиште, кое повторно беше одложено поради отсуството на Заев, судијката Љубинка Башеска реагираше на тоа што тој не се појавува во судот и рече дека ќе мора за наредното рочиште да издаде наредба за стражарно приведување.