СЈО: Апелираме поскоро донесување на Законот за јавнообвинителска служба

0
1132

Собранието денеска ги изгласа измените во Законот за плати на јавните обвинители со амандман Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе може самостојно да одлучува за висината на надоместоците кои ќе ги добиваат обвинителите кои таа ќе ги ангажира.

Од Специјалното јавно обвинителство ја поздравуваат оваа одлука, меѓутоа апелираат на што поскоро донесување на Законот за јавнообвинителска служба кој е неопходен за непречена работа специјалното обвинителство.

– Останува прашањето за Јавнообвинителска служба за кој апелираме подолго врмее. Без таков закон, ние нема да можеме да вработуваме луѓе, нема да имаме дефинирано како ќе оди преземањето на дополнителен кадар и како ќе се одвива комплетирањето на тимот. Се надеваме дека ова што поскоро ќе се најде на владина седница, и Собранието потоа ќе го изгласа, бидејќи навистина законот е неопходен за нашата работа, вели за НОВА обвинителката Ленче Ристовска.

– Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе има своја јавнообвинителска служба, која сама ќе си ја состави, без мешање на ниту еден државен, односно правосуден орган. Таа самата ќе си одреди какви профили ќе вработи во стручната служба и колкав број. Министерството за правда поднесе до Владата предлог-измени по итна постапка на постоечкиот закон за јавнообвинителска служба, каде на Специјалното обвинителство со посебна одредба му се дава ова право. Тие измени по брза постапка ќе бидат ставени на гласање собраниска седница”, изјави за Вест министерот за правда Аднан Јашари.

На 15 овој месец, Јанева поднесе иницијатива за ваков закон, а СДСМ поднесе предлог – закон за јавнообвинителска служба за Специјалното обвинителство, но парламентарното мнозинство го одби. Наместо тоа, владејачкото мнозинство предложи амандман на измените на Законот за платите на обвинителите, според кој Јанева ќе одлучува за додатоците на плати за СЈО.