„Ровер“ повторно одложен, Бошкоски во јуни на слобода?

0
1013

Судскиот процес Ровер меѓу кој е и Љубе Бошкоски денеска беше одложен. Кривичниот суд чека специјалната обвинителка да се изјасни дали ќе го преземе случајот.

Доколку Јанева одлучи да го води овој предмет, по трет пат Ровер ќе почне од почеток но со нова обвинителка наместо досегашната Лидија Рејчевиќ. Според информациите од неговиот адвокатски тим можно е Љубе Бошкоски да излезе од затвор пред изборите во април.
Казаната за случајот кампања која му истекува на 6-ти јуни може да биде намалена за три месеци поради добро поведение. Директорот на затворот Живко Пејкоски вели дека сеуште е рано да говори за предвремно ослободување на Бошкоски. Инаку останатите обвинети во Ровер се на слобода.