Режимските фекалии од тефтерчето на Гоца и фукарите на бате Саше од судот одлучија: Нема притвор за шефицата Јанкулоска и Божиновски

0
1013

Како неосновани се одбиени жалбите на Специјалното јавно обвинителство, по одлуката на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски и на уште три лица осомничени во акцијата „Титаник“.

Ваква одлука донел Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на денешната седница. Со ова практично судот ги одби сите жалби на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на одлуките на судијата на претходна постапка.

– Кривичниот совет составен од тројца судии, по секој поединечен предмет по жалба на Обвинителството во кој како членови на совет учествуваа сите судии од Одделението за организиран криминал и корупција, донесе решенија со кое жалбите на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В., се одбиваат како неосновани, а решението на судија на претходна постапка се потврдува – се вели во соопштението на Основен суд Скопје 1.

На денешната седница на Кривичниот совет била разгледувана и жалбата на Едмонд Темелко за неговото лишување од слобода, која била уважена од Кривичниот совет.

– Постапувајќи по жалбата на Е.Т. за лишување од слобода, Кривичниот совет донесе решение со кое жалбата на Е.Т., поднесена преку неговите бранители, се уважува – стои во соопштението.

Вчера, Кривичниот совет ги одби жалбите на Јанева на решенијата на судијата на претходна постапка да не им биде одреден притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Темелко и на уште две лица.

За поранешните министри, генералниот секретар на владата, градоначалникот, неколку членови на општински изборни комисии и за судии во Управниот суд, СЈО отвори истражни постапки за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на гласање, поткуп и за уништување избирачки материјал.