Режимските тастери на Грујо останаа да го распуштат собранието, опозицијата ги напушти пратеничките клупи

0
805

Опозицијата ја напушти собраниската сала. На дневен ред е констатирање на оставката на Никола Груевски.

Сугарески од СДСМ рече дека 10 години се чекаше, како што рече, да падне главата на режимот.

„Груевски одлучуваше кој може да живее. Никола, тебе Македонија ти вели збогум. Груевски бега и се плаши од фер избори. Не сака слободни медиуми и пречистен избирачки список. Непречистен список и неслободни медиуми, фамилијата сака да ги користи за спасување на сопствената кожа. СДСМ ќе продолжи да се бори за фер избори. За слободна и демократска Македонија“, рече Сугарески.