Режимот на 24-ти Декември 2012-та се демаскира, нема повеќе црни Петоци, пролетта доаѓа, се гледаат крокодилите од пресушените бари

0
1382

Ехх другари и пријатели мои, беше тоа ден кога се стана јасно, ден кога режимот се демаскира, ден 24ти Декември 2012, ден црн Петок кога за прв пат во нашата современа Македонска историја изнудија да крене рака брат на брат, ден кога тие не разединуваа а сите ние станавме едно…
Од тогаш наваму продолживме гордо и достоинствено да се спротивставуваме на режимот и сето тоа резултира со овогодишниот сенароден митинг пред Владата на 17ти Мај, продолживме заедно во Кампот на Слободата, а режимот почна да ретерира и да се руши…
Денеска сме исправени пред најголемите предизвици на денешнината, се поставува прашањето дали историјата ќе не помни како одважни луѓе и генерации кои што заедно успеале да го срушат режимот и променат овој квази-демократски политички систем, систем кој лажните патриоти од крајно лукративни цели го прилагодија на сопствените потреби, систем кој строго почива на криминогени должничко доверителски односи нафилуван со новофилмувани сказни и бајки, навидум убави телевизиски серии во кои главниот лик го толкува токму Груевски и фамилијата акционери, режирани во стилот на Потемкин. Филмови со сценарија во кои Расколњиков се прикажува себе си за жртва а жртвата за злосторник и креатор на мрачни и морбидни сценарија, приказни во кои ни самиот не верува, приказни со кои само ја потврдува својата длабочина на плиткоста…


Како и да е барата е празна и на пресушување, ќе останат само крокодилите, наше е да ги сместиме таму каде што им е местото. Во кафез!
Преродбата се скрши пред вољата на одважните и достоинствени граѓани кои што трагаат по еднаквост, слобода и поубав живот.
Наша обврска е да издржиме заедно како и до сега… до КРАЈ, и да не дозволиме оваа никогаш повеќе да не се повтори!!!
Борбата продолжува…
Македонската пролет е на праг.

Фејсбук статус на Максим Димитриевски, претседател на совет Куманово и член на ИО во СДСМ