Редизајниран веб порталот на СДСМ

0
1097

Од денес побрзо и полесно можете да дојдете до информациите на www.sdsm.org.mk. Извршен е целосен редизајн на официјалната интернет страница на СДСМ во насока на зголемување на прегледноста на информациите и функционалноста на елементите поставени на страницата.

Новиот www.sdsm.org.mk е целосно прилагоден на потребите на граѓаните, а за таа цел направени се следните усовршувања:

· Зголемена функционалност за подобрување на двонасочната комуникација со граѓаните
· Зголемена прегледност на најновите информации
· Респонзивен и модерен дизајн прилагоден за користење на сите интернет уреди (компјутери, таблети, мобилни телефони и слично)
· Подобра интеграција со социјалните мрежи
· Прегледен визуелен распоред на елементите
· Зголемена брзина на отворање на содржините поставени на страницата
· Најавите на изјави, прес конференции и други настани се јавно достапни и видливо позиционирани

Вистинските информации поврзани со сите активности на СДСМ и коалицијата, граѓаните и понатаму ќе можат да ги добиваат целосно, брзо и одговорно.