Револуционер: Скандалозен однос на амбасадорот Трпевски и градоначалникот Ристески кон македонското државно знаме

0
1145

На средба со македонските иселеници во Австралија македонскиот амбасадор во Австралија Веле Трпевски и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески ја имаа со нашите иселеници, одржана во просториите на спортскиот центар „Илинден“ во Сиднеј, на која присуствувале сѐ на сѐ 20 лица, македонското државно знаме е шутнато настрана, за сметка на знамето со сонцето од Вергина, реагира Револуционер.

Како што може да се види од фотографиите, Трпевски и Ристески пред себе имаат празни столчиња, додека во нивната позадина наместо државното знаме на Република Македонија, заедно со австралиското знаме „гордо“ е истакнато знамето со сонцето од Вергина!

Да биде скандалот уште поголем, на ѕидот се нашло место и за знамето со грбот на локалниот фудбалски клуб „Илинден“ од Рокдејл, додека македонското државно знаме го има срамниот и недостоинствен третман на „нужно зло““, пишува Револуционер.

Целиот текст е ОВДЕ..