Револтиран студент сместен во домот „Гоце Делчев“: Џабе реновиран еден блок кога преостанатите два блокови каде што 2/3 од студентите живееме, се без никакви услови, топла вода нема ниту за лек, а лифтовите не работат!

0
992

Во редакциијата на Мактел добивме анонимно писмо од студент сместен во студентскиот дом Гоце Делчев, во кое се наведува за лошите услови во кои живеат 2/3 од студентите.

Интегрално ви го пренесуваме писмото:

Студент сум и живеам за жал во студенскиот дом Гоце Делчев.

Преку глава веќе ми е од условите. Џабе реновиран еден блок кога преостанатите два блокови каде што 2/3 од студентите живееме, се без никакви услови.
Како и секогаш…. а и сега, немаме топла вода. Но и лифтовите не работат.

Еве веќе извесен период, топла вода ни за лек. Секој ден надлежните ни излегуваат со разни изговори дека, се поправа пумпата, треба да дојде мајстор, треба да се смени грејач и што ли уште не. Па дај средете веќе еднаш, напрајте да се нема никаков проблем. Кога веќе еnможно да се реновира цел блок, ваљда се имаnнекој денар да имаме барем топла вода и лифт.

А за лифтот како и претходно. Се прекрстуваш пред да влезеш (ова се однесува доколку работи), а сајлите квичат ли квичат….Не подмачкани па ни сервисирани некогаш.

Се молкниш со куфери 14 спратови,без здив во себе. И по неколку пати на ден ги искачуваш и ги симнуваш скалите. Дали за се што би имал потреба.

Ако не, дополнително одлагаш обврски па се наеднаш на едно слегување од височините да средиш се.

Доколку лифтот се расипе, ден-два пред викенд или државен празник тогаш „не однесе матната“….Ни некој реагира ни помрднува со прст, па така чекаме одвај понеделник со надеш дека ќе се смилува некој и ќе повика сервис.

Почитувани, се извинувам за нафрлените реченици…Но премногу сум лично јас револтиран, а и сите станари.