Расте евроскептицизмот меѓу Грците

0
887

Евроскептицизмот меѓу Грците почна да расте. Ова го тврди грчкиот весник „Катимерини“, кој пишува дека ставот на жителите на Грција кон Европа почнал да се менуваат поради намалената репутација на стариот континент.

-46,2 отсто од Грците сметаат дека нивната земја била оштетена со членството во ЕУ, кога се во прашање нејзиниот економски напредок и просперитет – покажуваат резултатите од анкетата што ги објавува весникот.

Во предходната анкета процент на Грците-евроскептици, што го споделуваат ова мислење изнесувал 28,1 отсто.

Според ова, евроскептицизмот постепено почна да се шири на грчкото општеството, што е последица од незадоволството од т.н. умерени партии, кои по правило се европски ориентирани.