Пријатели на Македонија: Беа петнаесет, а сега се десет

0
1107

Пет земји членки го повлекле неодамна своето учество од неформалната група “Пријатели на Македонија”. Од вкупно 15 земји кои и даваа целосна поддршка на Македонија во Советот на министрите на ЕУ сега се останати само 10.

Во групата се наоѓале Шведска, Финска, Данска, Велика Британија, Белгија, трите балтички земји, Полска, Чешка, Унгарија, Словенија, Хрватска и Австрија, додека Словачка била повоздржана поради чувствителноста на нејзиниот став со непризнавањето на Косово.Но овие 15 земји од неодамна се свеле на 10. Својата поддршка одлучиле да ја повлечат Шведска, Финска, Данска, Велика Британија и Белгија.

Холандија не била дел од оваа група, а нејзината поддршка доаѓала преку помошта што ја дава за Македонија.

И покрај својот неформален статус, групата јасно ги изразува политичките ставови на владите на овие земји. Со последното заострување на кризата во Македонија, и практично прекинатите преговори помеѓу партиите, многу влијателни земји загубиле трпение.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ