Прифатена кауција за пуштање на Верушевски од притвор

0
988

Барањето да биде ослободен од притвор Зоран Верушевски, првообвинетиот за случајот „Пуч“ е прифатено, дознава Телма.

Судот одлучил да ја прифати кауцијата за да може поранешниот разузнавач да излезе од притвор. Кауцијата е потврдена со гаранција за имот.

Од надлежниот суд за телевизијата изјавиле дека одлуката е донесена, а во текот на денот ќе биде објавена.