Претекува езерото „Младост“ кај Велес

0
970

Зголемен е водостојот на езерото „Младост“. Водата повторно се прелева преку браната. Дождови ја зголемија количината на вода во вештачката акумулација. Нивото на водата е покачено и на северната страна на езерото. Таму се чини дека висината на водостојот е зголемена за близу еден метар. Тоа најдобро се гледа на самиот езерски брег, кај куќичката под мотелот „На велешко“. Објектот е целосно поплавен од водата како и првиот дел од бетонската тераса што ресторанот ја користи во летниот период. Количини од езерската вода се прелеваат и во паркот, под мотелот, иако таму има изграден ѕид што го одделува езерото од парковската површина, објави Дума.