Поранешниот воен разузнавач Софески, кој долго време бил во судир со Сашо Мијалков, пронајден мртов под сомнителни околности!

0
1128

mkd-228824

Поранешниот воен разузнавач Горан Софески утринава е најден мртов во чудни околности, дознава „Плусинфо“. Горан Софески беше поранешен шеф на военото разузнување, а потоа беше и обезбедување на актуелната министерка за труд и социјала, Фросина Ременски, за време на протестите пред владата. За Софески се знае дека беше исклучително критичен кон власта. Тој е човекот кој откри многу афери, меѓу кои и онаа за шверцот со армиското оружје.

Според извор на „Плусинфо“ во моментов се прави увид на местото на настанот. Специјалната единица „Тигри“ се на лице место. Тие ќе го пренесат во Скопје, а и екипа од АРМ е на пат за местото каде е пронајдено телото на Софески. Синоќа, околу 17 часот, Софески бил пријавен за исчезнат во полициската станица во Кичево. Последен со него се слушнал неговиот татко. Утринава е пронајден од локални ловџии кои биле во потрага заедно со полицијата.

Извори на „Плусинфо“ брифираат дека Софески веќе подолго време бил во судир со екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков. Имаше само 44 години.

Повеќе детали ОВДЕ