Поранешниот воен разузнавач, Горан Софески починал од срцев удар?

0
1136

Поранешниот воен разузнавач, Горан Софески, кој утринава беше пронајден мртов во шумскиот појас во близина на Кичево, најверојатно починал од инфаркт. Од семејството на Софески велат дека подолго време имал проблеми со срцето.

Последен пат бил виден вчера кога заминал на спортски лов, но не се вратил, поради што бил пријавен во полициска станица како исчезнат.

Утринава, околу 7.00 часот, бил пронајден мртов од страна на случаен минувач.

Софески работеше во Министерството за одбрана, по чин мајор во касарната на АРМ во Куманово. Како поранешен воен разузнавач заслужен е за откривањето на бројни коруптивни скандали во кои биле инволвирани луѓе на високи позиции.

Често ја критикуваше актуелната власт и беше во блиски контакти со луѓе од опозицијата.