(ВИДЕО) Пијан Кинез уништи автомобил вреден 4 милиони долари

0
1192
Во Кина има огромен број на богаташи, но сосема мал дел од нив знаат како да се справат со ваков „ѕвер“ од автомобил.

Станува збор за Koenigsegg Agera R кој во Кина поради царина и високите даноци за луксузни спортски автомобили чини околу 4 милиони долари.
Освен скапоцениот автомобил за среќа не настрада никој друг, 26-годишниот возач е веднаш приведен во полициската станица во Чонгкинг каде што се покажало дека возел во алкохолизирана состојба.

kina-skapa-soobrakajka-tocka-2015-01

Некои од кинеските медиуми ова го опишаа како „најскапата сообраќајна несреќа во Кина“. Возачот, кој во медиумите се споменува како „Господин Лиу“ наводно немал осигурување за автомобилот, но „Агерата“ нема да му недостасува затоа што во својата гаража наводно имал и Ferrari LaFerrari, Porsche 918 Spyder и McLaren P1.

Извор : Точка