Петрески нов помошник на Обрван

0
1550

Tome-480x270

Актуелниот тренер на Прилеп, Томче Петрески, ќе биде новиот помошник на селекторот Ивица Обрван. На клупата на македонската репрезентација, Петрески доаѓа на местото на Данило Брестовац.

Од Ракометната федерација на Македонија потврдија дека Томче Петрески ќе биде дел од стручниот штаб на првиот собир на репрезентацијата во подготовките пред ЕП 2016, во неделата на ЕХФ, од 2 до 9 ноември.

Од претходно веќе беше најавено дека Брестовац не може да биде со репрезентацијата поради тренерскиот ангажман во Шамбери.

Извор:рсм.мк