Петар Гошев: Над 40 години се бавам со политика, сум го поминал и комунизмот и бранковизмот, бев мета и на агит-пропот на Слобо, но вакво гадно дно-интервју како на Латас не паметам на овие простори во историјата!

0
1205

Мактел побара коментар за актуелните настани од екс-гувернерот на Народна Банка и последен лидер на КПМ пред осамостојувањето, Петар Гошев,

Прашан за интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вестите на Сител со уредникот Латас, вели дека вакво одвратно интервју со лидер на партија досега не видел.
Гошев ни изјави:

„Знаете јас се бавам со политика речиси 40 години, значи бев политичар и во комунизмот и во бранковизмот, а имав и тежок дуел со агит-пропот на Милошевиќ на почетокот на 90-тите, но сепак вакво дно, вакво одвратно интервју со лидер на партија не сум видел.
Па Љубчо во 90 тите години беше цензуриран, но сепак кога му правеа интервјуа се однесуваа со почит и не го навредуваа. Ова е срам и ужас за нас, ние сега сме паднати на најниските скалила во секоја смисла, ова е џунгла што ни се случува!“, вели Гошев за Мактел.

Извор : Мактел