Пендаровски за „Слободен печат“: Поддршката на ЕУ за Катица Јанева е „мека“

0
843

Во изјава за утрешен „Слободен печат“, Стево Пендаровски вели дека соопштението од ЕУ за поддршка на Специјалниота јавен обвинител нема ништо да помогне и дека реториката во него е „мека“, а власта ќе продолжи со серија други потези да ја напаѓа Катица Јанева.

– Пораката од ова соопштение се знае за која партија е наменета и зошто. Европејците отсекогаш биле помеки, за разлика од Американците. Тие секогаш оделе со општи формулации, за разлика од амбасадорт на САД во ОБСЕ, кој неодамна директно ја посочи ВМРО-ДПМНЕ за виновна за нападите врз Катица Јанева. Пораката од ЕУ е со иста содржина. И Европа и САД, како и македонската јавност, очекуваат во овој период да паднат првите обвиненија од Специјалното јавно обвинителство и токму затоа власта ја напаѓа Катица Јанева, а таквите напади се надополнети и со кривичните пријави против нејзиниот тим. Власта очекува таа да продуцира обвиненија, како што и самата најавим до 15 март. Тоа е причината за паниката во редовите на владејачката партија. Не очекувам соопштението на ЕУ да има некаков ефект врз ВМРО-ДПМНЕ и врз Никола Груевски, бидејќи се што е против интересите на ВМРО-ДПМНЕ е изложено на напади од нивна страна. Можно е власта со помош на обвинителот Марко Зврлевски во наредниот период да ефектуира некоја од кривичните пријави за тимот на Јанева и на тој начин да го зголеми притисокот врз СЈО. Очекувам политичката ситуација да се усложнува и да растат тензиите – вели Пендаровски.