Парите со кои е платено убиството на новинарот Ќурувија „испрани“ во Македонија во 1999-тата

0
1125

Српскиот весник Блиц објави дека за убиството на српскиот новинар Ќурувија во април 1999-та биле платени околу половина милион евра (300 илјади кипарски фунти) кои платениот убиец преку својот дедо ги испрал и легализирал во Македонија. Весникот се повикува на сведочење на заштитен сведок во рамките на судскиот процес за убиството на новинарот Ќурувија кое беше извршено за време на НАТО-нападите врз Србија.

Заштитетниот сведок според весникот се вика Дејан С. и заедно со убиецот Мирослав Курак (викан Мики) се знаел од заедното учество во балканските војни во 90-тите каде и двајцата биле припадници на озлогласената единица „Црвени беретки“ под команда на Улемек –Легија.

kurak

Фотографија од Мирослав Курак

Блиц објавува дека сведокот се видел со убиецот Курак дента кога е извршено ибиството на Ќурувија. Потоа врз основа на разговори со сопругата на убиецот и со девојка, вработена во угостителски објект на Кипар во сопственост на осомничениот убиец. Од нив слушнал дека Курак барал пари во Србија дента после убиството затоа што немал српски динари туку само кипарски фунти.

-Што мислиш за џабе ли го убив Ќурувија- и рекол спомнатиот Мирослав Курак-Мики на сопругата кога го прашала од каде му се 300 илјади кипарски фунти. Ова е дел од сведочењето на заштитениот сведок Дејан С. кое е дадено во српското специјално обвинителство уште во 2011-та, но дури сега се објавува неговата содржина.

Во истото сведочење е спомната Македонија. Според сведокот Дејан С., парите кои Курак ги добил за убиството на новинарот кој беше прогласен за непријател на режимот на Слободан Милошевиќ завршиле во Македонија. Заштитениот сведок тврдел пред српското специјално обвинителство дека 300 илјади фунти, убиецот Курак ги дал на таткото на неговата сопруга. Тој ги однел парите во Македонија за да ги испере и легализира уште пролетта 1999-та. Блиц не објавува детали на кој начин е извршено „перењето“ на пари во Македонија.

Мирослав Курак-Мики има 44 години и е во бегство. Откако Блиц ја објави информацијата за сведочењето на Дејан С., читателите на интернет изданието коментирале дека процесот за убиството на Ќурувија повторно се заташкува и дека приказната на сведокот е многу „тенка“.

curuvija

Новинарот Славко Ќурувија беше убиен во април 1999-та г.

извор: Телма

Линкот до оригиналниот текст: http://www.blic.rs/vesti/hronika/otkrivamo-kurak-ubio-curuviju-za-500000…