Париз: Идентификуван третиот самоубиец од масакрот во Bataclan

0
1080

Откриен е идентитетот на третиот самоубиец од салата Bataclan во Париз. Станува збор за 23-годишен Французин кој кон крајот на 2013 година патувал во Сирија. Во концертната сала „Bataclan“ беа убиени 130 луѓе при терористичките напади во Париз.

pariz

Се работи за џихадистот Фуад Мухамед Ахад, кој живеел во Стразбур, а отпатувал во Сирија со братот и група пријатели. Повеќето од нив биле приведени во пролетта 2014 година, по враќањето во Франција, но тој останал во Сирија, според полициски извори.

Властите на Франција и на Белгија водат интензивни потраги ,но досеа не успеаја да го уапсат Салах Абдеслам, единствениот преживеан кој директно се поврзува со терористичките напади во Париз. Белгиските власти распишаа потерница и по Мохамед Абрини, кој бил забележан со Абдеслам два дена пред нападите, на 11 ноември, на автопатот Брисел – Париз.

Сите девет осомничени за париските напади имаат француско државјанство.

Во нападот на концертната сала „Batclan“, учествувал 29-годишниот Омар Исмаил Мосефаи кој пукал врз публиката на концертот, а потоа се разнесол со појас на бомбаш самоубиец. Роден во Франција, и неговото досие содржи осум пресуди за мали престапи. Меѓутоа, никогаш не ја издржувал казната во затвор. Радикален исламист станал слушајќи ги проповедите во џамијата Шартр во 2010 година. Во евиденцијата на полицијата се појавува под разделот „напад врз безбедноста на државата“. Истрагата се сомнева дека двапати патувал во Сирија. Идентификуван е според отпечатоците на прстите најдени на местото на нападот

Сами Амимур, 28-годишен, е роден во Париз, а живеел во Сен-Дени, воспитуван во семејство кое не практикувало ислам. Работел како возач на автобус во градскиот сообраќај. Во 2012 година бил под истрага за заговор со уште две лица кои планирале напад. Бил должен редовно да се јавува во полицијата, но последните две години оваа препорака ја запоставил. Патувал во Сирија во 2014 година, а по него заминал и татко му, кој го убедувал да ги „напушти редовите на сириските герилци“.

Третиот терористи чии остатоци беа пронајдени во концертната сала, е идентификуван како Фуад Мухамед Ахад.

Билал Хадфи, 20-годишник, исто така, се разнесол кај стадионот. Имал француско државјанство, а живеел во Белгија, во бриселското предградие Недер-овер-Хеембек. Се задоил со радикални ставови во пролетта 2014 година. Поставувал фотографии на социјалните мрежи со оружје во раце.

Името на третиот бомбаш самоубиец кај стадионот не е познато. Во нападите на париските кафулиња и ресторани како учесник е идентификуван Брахим Адбеслам, 31 година, жител на Белгија со француски пасош. Кај него полициските органи никогаш не забележале радикално настроение. Пред две години бил сопственик на кафуле во проблематичниот белгиски кварт Моленбек, каде што живеат доселеници, претежно од Мароко и другите земји од северна Африка. Бил косопственик со брат му Салах Абдеслам, Брахим се разнел во бар на улицата „Волтер“.

Салах Абдеслам, 26-годишен, веројатно е осмиот учесник во терористичките напади и осомничен како стратег на операцијата. Француски државјанин роден во Брисел, а живеел во предградието Моленбек. Се верува дека тој ги изнајмил двата автомобила кои ги користеле терористите да дојдат до целите. Следниот ден по нападите бил запрен во рамките на рутинска контрола, но не бил приведен. Сега по него се трага по потерница.

Полицијата трага и по деветто лице кое учествувало во нападите. Се претпоставува дека тој ги возел терористите кои пукаа на терасите од градските кафулиња.