ПУКНА ТИКВАТА во ДУИ: Се подели на „реформисти“ и „ванчомихајловисти” поради датумот за изборите!

0
961

Нов судир помеѓу фракциите во ДУИ се случува во врска со датумот на одржување на следните предвремени парламентарни избори, пишува Лајм.

Партиските кадри кои се против продолжување на соработката меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, и кои се познати како „реформисти”, сметаат дека изборите треба да се одложат после 24 април, односно до исполнување на минималните демократски стандарди за одржување регуларни избори. Од друга страга, партиските кадри на ДУИ, кои поради блискоста со ВМРО-ДПМНЕ се нарекуваат „ванчомихајловисти”, инсистираат изборите да се одржат на 24 април, пренесува „Лајм“.

„Одржувањето на изборите на 24 април, значи дека шансите за манипулација на изборите се големи, и можно е да се повторат неправилностите кои ги слушнавме при објавување на опозициските „бомби“, велат од „реформистичкото“ крило на ДУИ, објаснувајќи ги причините зошто бараат одложување на изборите.

Според нив, единствената причина зошто “ванчомихајловистите“ на ДУИ инсистираат изборите да се одржат на 24 април, е да им обезбедат победа на ВМРО-ДПМНЕ.