ПРЕГОВОРИТЕ ПРЕКИНАТИ: Повторно пробиен рокот за постигнување договор за медиумите

0
902

Прекинати се преговорите за медиумите. Партиите не се согласија како ќе работи агенцијата за медиуми и составот на советот, пренесува „Телма“.

Власта и опозицијата не ги доближија ставовите.

Денеска беше последниот рок до кога партиите требаше да се договорат за реформите во медиумите. Првиот рок, кој беше 20-ти ноември е пробиен.

Во текот на денот, посредникот Питер Ван Хауте во соопштение напиша дека преговорите напредуваат и дека партиите ги земаат предвид сите предлози што ги дадоа новинарските здруженија, синдикатот и новинарите.

Најверојатно, разговорите ќе продолжат во понеделник.