ПОЧЕЛО ЈЕ ПОЧЕЛО : Јавното обвинителство и достави на Катица Јанева листа од 35 кривични предмети произлезени од „бомбите“

0
1116

Од јавното обвинителство  синоќа испратија соопштение до медиумите во кое известуваат дека  во врска со барањето од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, за доставување на статистички податоци за бројот на предметите оформени во јавните обвинителства во  Македонија, а кои се однесуваат на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, доставен е детален статистички преглед, како и податоци за сите преземени дејствија.

308275-katica-janeva-za-eden-mesec-kje-me-vidite-so-mojot-tim

Соопштението на ЈО го пренесуваме во целост:

1. Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформени се три предмети што произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, и тоа:

– Кривичен предмет заведен под РО бр.90/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против лицето С.М. за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, против С.К. за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.5 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и Х.Х. за кривично дело – Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик.

Надлежен јавен обвинител прибави податоци од Министерството за внатрешни работи.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.83/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против лицата Н.Г., М.Ј., К.Т., В.Т., Р.Н., Т.М., НН лица од АД „КАРА“ – Скопје и НН лица, сопственици на „СИРАХ Лимитед“ од Белизе, „Т & МЈ ИНВЕСТМЕНТ“ од Лугано, Швајцарија за кривични дела – Злосторничко здружување од чл.394 ст.1 од Кривичниот законик, кривично дело – Перење пари и други приноси од кривично дело од чл.273 ст.5 од Кривичниот законик и кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Овој предмет е отстапен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство – Скопје на 20.04.2015 година и истиот се води под нивен РО бр.1282/15.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.93/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ (дополнување на кривичната пријава заведена под РО бр.83/15 отстапена на Основното јавно обвинителство – Скопје), против Н.Г., С.М., Г.Г., Г.Ј., М.П., М.Ј., Љ.Т. за кривично дело – Злосторничко здружување од чл.394 ст.1 и 2 од Кривичниот законик, кривично дело – Неовластено прислушување од чл.151 ст.4 во врска со ст.1 во врска со чл.22 во врска со чл.45 од Кривичниот законик, кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од Кривичниот законик и кривично дело – Злосторство против човечноста од чл.403 од Кривичниот законик.
Во предметот надлежен обвинител побара податоци од Основното јавно обвинителство – Скопје.

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се заведени и се постапува по предмети што не произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите, но беа спомнати во медиумите и јавноста, па од тие причини на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите му беа доставени податоци и за овие предмети.

2. Во Основното јавно обвинителство – Скопје се оформени 30 предмети кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, и тоа:

– Кривичен предмет заведен под РО бр.341/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против С.М.,Г.Г и други НН лица вработени во Министерството за внатрешни работи за кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање од чл.151 ст.4 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Испитани се: Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Тито Петковски, Оливер Спасовски, Стево Пендаровски, Сашо Мијалков, Горан Груевски, претставник на Министерството за внатрешни работи, три лица вработени во МВР-УБК-ООТПП, тројца професори од ФИНКИ – Скопје како технички советници, а во функција на утврдување на процедурата на примена на посебната истражна мерка – Следење на комуникации.

Исто така, надлежниот јавен обвинител изврши непосреден увид во службените простории каде што се спроведува оваа мерка, за што е сочинет записник од Министерството за внатрешни работи и службена белешка од страна на јавниот обвинител.

Направени се обиди да се испита и Андреј Жерновски но, досега тој не е испитан. Имено, до истиот доставени се две покани за испитување на кои не се јави, ниту пак на кој било начин го извести јавното обвинителство за неговото нејавување на доставените покани. Адвокатот Филип Медарски, усно го известил јавниот обвинител кој постапува по пријавата дека тој ќе го обезбеди за да биде испитан, но и покрај тоа истиот досега не се јавил во Основното јавното обвинителство.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.501/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г. за кривично дело – Злоупотреба на државна, службена или воена тајна од чл.360-а од Кривичниот законик и за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик, против НН лица вработени во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, НН лица вработени во Министерството за внатрешни работи -Одделение за организиран криминал – Оддел за спроведување на посебни истражни мерки – Правосудна полиција и против НН лица вработени во Основен суд Скопје I – Скопје – Одделение за организиран криминал и корупција за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик и за кривично дело – Оддавање службена тајна од чл.360 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Поднесено е барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје во однос на тоа дали објавените снимки во медиумите се од примена на посебните истражни мерки.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.761/15 и РО бр.765/15, оформени по поднесени две кривични пријави од СДСМ против М.П., Г.Ј. и против НН лица, вработени во Секторот за внатрешни работи – Скопје за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик и за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот јавен обвинител прибави писмено известување од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.763/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Г.Ј. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот јавен обвинител прибави писмено известување од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.762/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Г.Ј. и А.С., за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител прибавено е писмено известување од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, со поголем број писмени прилози, а од Основно јавно обвинителство – Охрид прибавени се списите на предмет КО бр.269/13.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.536/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против С.М. за кривично дело – Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување од чл.142 ст.1 во врска со чл.23 од Кривичниот законик и за кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од чл.143 во врска со чл.23 од Кривичниот законик и против НН лица вработени во Министерството за внатрешни работи за кривично дело – Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување од чл.142 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик и за кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од чл.143 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавени се списите на кривичниот предмет против сега осудениот Љубе Бошковски за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 од Кривичниот законик, прибавено е известување од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, со писмени прилози, прибавено е писмено известување од Народниот правобранител со писмени прилози, прибавено е и известување од СВР Скопје.
Од погоре прибавените известувања и документација произлезе дека треба да се прибави и истражниот предмет кој се водел против сега осудениот Љубе Бошковски за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 од Кривичниот законик, но по доставеното барање на списите на предметот, од судот е добиено писмено известување во кое се наведува дека списите не можат да ги достават, но дека дозволуваат да биде извршен увид во истите, поради што беше извршена увид во списите на наведениот предмет.
Испитани се овластени службени лица, инволвирани во лишувањето од слобода на сега осудениот Љубе Бошковски, како и лицето викано Пуки.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.538/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г., за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 и чл.23 од Кривичниот законик, против М.Ј., Т.Т. и против НН лица, вработени во Општина Гази Баба за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 и чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот јавен обвинител изврши увид во списите на предмет на Основното јавно обвинителство – Скопје оформен по кривична пријава за кривично дело – Бесправно градење од чл.244-а од Кривичниот законик.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.767/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против М.Ј.и НН лице за кривично дело – Повреда на тајноста на гласањето од чл.163 ст.3 во врска. со ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавени се податоци од Државната изборна комисија, од сите мобилни оператори, од Министерството за образование, од Министерството за финансии и од Општина Центар. Воедно испитани се и 21 сведок.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.1691/15, оформен по поднесена кривична пријава од физички лица против Н.Г., Г.Ј., С.М. и Д.М. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик и за кривично дело – Непријавување кривично дело или сторител од чл.364 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Извршен е увид во предмет на Основен суд Скопје I – Скопје и во два предмети на Основното јавно обвинителство Скопје, испитани се пријавените.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.776/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против И.М. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и против М.Ј. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 во врска со ст.1 и во врска со чл.23 од Кривичниот законик.
Постапувајќи по кривичната пријава од страна на надлежниот јавен обвинител прибавени се писмени податоци и релевантна документација од Т-Мобиле – Македонија и од Централниот регистар на Република Македонија.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.774/15, оформен по однесена кривична пријава од СДСМ против М.П. и М.Ј. за кривично дело – Присилба од чл.139 ст.3 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од Централен регистар на Република Македонија прибавена е релевантна писмена документација, по што за 04.06.2015 година испитани се управителот на правното лице Илинден и пријавеното лице.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.771/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Ж.Л. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Повреда на тајноста на гласањето од чл.163 ст.3 во врска. со ст.2 од Кривичниот законик и против М.Ј. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 во врска со чл.23 од Кривичниот законик и кривично дело – Повреда на тајноста на гласањето од чл.163 ст.3 во врска со ст.2 и чл.23 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавено е писмено известување од Македонски телеком, во кое помеѓу другото се наведува дека Маѓар Телеком врши внатрешна истрага во Телеком Македонија, поради што надлежниот јавен обвинител во два наврати побара доставување на наодите и резултатите од интерната истрага, кои досега не се доставени. Испитано е пријавеното лице.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.775/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Г.Ј. и К.Б. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Предизвикување општа опасност од чл.288 ст.1 во врска со чл.19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од Министерството за внатрешни работи побарани се проверки и податоци за лицето Ивица Тошевски по кое е доставено известување со писмени прилози, доставени се покани за испитување на едно од пријавените лица и лицето Ивица Тошевски. Лицето Ивица Тошевски не се јави на поканата поради што не е испитано, а пријавеното лице е испитано.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.773/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против М.Ј. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 во врска со чл.23 од Кривичниот законик и против Ж.П. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавени се известувања од сите мобилни оператори на Република Македонија.
Испитани се пријавените, прибавена е документација и податоци од Државната изборна комисија и општинските изборни комисии.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.772/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против М.Ј. и против НН лице за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител поднесе барања до Државната изборна комисија и до Министерството за одбрана за доставување на податоци. По барањата се уште не е постапено.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.778/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Љ.Т. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и против М.П. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска ст.1 и чл.23 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од СВР Охрид поднесено е писмено известување со прилог писмена документација, од Основниот суд – Охрид прибавени се барани податоци и е испитано едно лице.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.769/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против М.Ј. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Доставени се барања до Државната изборна комисија и СВР – Скопје од каде се доставени писмени известувања.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.777/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Г.Ј., Љ.Д. и М.Ј. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавени се податоци и документација од Централен регистар на Република Македонија, од „Струмица Табак“ АД – Струмица, прибавено е известување од Државната комисија за спречување на корупција, прибавено е известување од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, прибавено е известување од Министерството за труд и социјална политика, прибавено е известување од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, испитано е едно пријавено лице и претставник на Министерството за труд и социјална политика.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.764/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против И.М. и М.Ј. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ побарани се податоци и список на вработени, испитани се пријавените и едно лице во својство на сведок.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.779/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г., Т.Т., К.Б. и М.Ј. за кривично дело – Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања од чл.165-а од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од Централен регистар на Република Македонија Државната изборна комисија и АД „Бетон“ прибавени се известувања и релевантна документација. Испитан е еден од пријавените.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.766/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против М.Т. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 во врска со чл.23 од Кривичниот законик и против Б.И. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител од Државната изборна комисија прибави обемна релевантна документација и ги испита пријавените лица.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.2362/15, оформен во врска со постапувањето по предметот РО бр.766/15 бидејќи осомничениот Б.И., на записник за негово испитување, поднесе кривична пријава против политичката партија СДСМ за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело од чл.366 ст.1 од Кривичниот законик.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.396/13, оформен по допрен глас за кривично дело – Изборна измама од чл.165 од Кривичниот законик. Овој предмет е поврзан со предметот РО бр.766/15.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.1014/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Г.Ј. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик и Т.В. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 во врска со чл.23 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител од подносителот на пријавата побара одредени појаснувања и податоци. Во врска со барањето досега не е доставен одговор.
Од сите мобилни оператори прибавени се известувања, од СВР Скопје прибавено е писмено известување со прилози – писмена документација, испитани се пријавените.
Од Полициската станица – Ѓорче Петров побарани се податоци. И по ова барање не е доставен одговор, поради што е поднесена Ургенција за постапување по барањето.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.770/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г., Г.Ј., М.Ј. и против НН лица, вработени во Министерството за внатрешни работи за кривично дело – Фалсификување исправа од чл.378 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Повреда на избирачкото право од чл.159 ст.2 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од Министерството за внатрешни работи побарани се податоци, проверки и релевантна документација. Испитани се пријавените, воедно одредени податоци и документација се побарани и од Државната изборна комисија.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.1013/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против С.М и М.Ј. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст.1 и чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Доставени се две покани до Андреј Жерновски на кои истиот не се јавил. Испитан е еден од пријавените.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.768/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против К.Б., Г.Ј. и М.Ј. за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик и Злоупотреба на лични податоци од чл.149 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавени се известувања од Владата на Република Македонија и од Министерството за внатрешни работи. Од МВР со известувањето доставена е и релевантна писмена документација. Прибавено е известување и од Македонски Телеком – АД Скопје. Прибавено е известување од Народниот правобранител. Испитани се и две од пријавените лица.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.1282/15, оформен по отстапена кривична пријава на надлежност од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Н.Г., М.Ј., К.Т., В.Т., Р.Н., Т.М., против НН лица, акционери во Друштво за производство, трговија и услуги „КАРА“ АД – Скопје и против НН лица сопственици на „СИРАХ ЛИМИТЕД“ од Белизе, „Т&МЈ Инвестмент“ од Лугано – Швајцарија за кривични дела – Злосторничко здружување од чл.394 ст.1 од Кривичниот законик, Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.5 од Кривичниот законик и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

При отстапување на кривичната пријава од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до пријавата како доказен материјал се доставени транскрипти од разговори помеѓу Миле Јанакиевски и Никола Груевски, разговор помеѓу Дејан Митревски и Сашо Мијалков, како и дел од тековни состојби на „СИРАХ ИНЖЕНЕРИНГ“, „ЕКСИКО“ ДООЕЛ Скопје, „КАРА“ АД Скопје, три имотни листа на име на „ЕКСИКО“ ДООЕЛ Скопје, „КАРА“ АД Скопје и „СИРАХ ИНЖЕНЕРИНГ“ од Агенцијата за катастар на недвижности за наведените парцели, скица за стариот и новиот Детален урбанистички план.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од Агенцијата за катастар на недвижности на Град Скопје и од Општина Центар побарано е доставување релевантна документација. Испитани се четворица од пријавените лица.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.1331/15, оформен по поднесена кривична пријава од Општина Центар против НН сторители за кривично дело – Насилство од чл.386 ст.2 од Кривичниот законик и против Н.Г. за кривично дело – Насилство од чл.386 ст.2 во врска со чл.23 од Кривичниот законик.
Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од СВР Скопје прибавено е известување со прилози, испитан е пријавениот и две лица како сведоци.

– Кривичен предмет заведен под РО бр.537/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Г.Ј. и М.П. за кривично дело – Повреда на рамноправноста на граѓаните од чл.137 ст.2 во врска со чл.22 и чл.45 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавени се писмени известувања и релевантна документација од Владата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи и од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

3. Во Основното јавно обвинителство Битола е оформен еден предмет кој произлегува од содржината на неовластеното следење на комуникациите, и тоа;

– Кривичен предмет заведен под нивен КО бр.636/15, против В.Т. и С.Б. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавена е оригинална писмена документација од Општина Битола, од Агенцијата за катастар на недвижности – Подрачна единица Битола и од Управата за јавни приходи.
Испитано е едно лице.
Наредено е вештачење. Бирото за судски вештачења до овој момент нема изготвено вешт наод и мислење.

4. Во Основното јавно обвинителство – Куманово е оформен еден предмет кој произлегува од содржината на неовластеното следење на комуникациите, и тоа;

– Кривичен предмет заведен под КО бр353/15, оформен по поднесена кривична пријава од физичко лице, против НН лице – одговорно лице за комуникации во мобилен оператор и против правно лице за кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање чл.151 ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик. Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот јавен обвинител на ден 08.05.2015 година донел Решение за отфрлање на кривичната пријава. По жалба на подносителот предметот е испратен во Вишото јавно обвинителство Скопје.

По дел од горе спомнатите предмети веќе се донесени јавно обвинителски одлуки.