ПЛУСИНФО: ЕУ се спрема да ги делегитимира изборите на 24 април?

0
1077

Еврокомесарот Јонахен Хан, со последните изјави дадени за домашни и странски медиуми, полека но сигурно го губи кредибилитетот на репрезентативен претставник на ЕУ и гарант на процесот на демократизација на Македонија. Овој впечаток не постои само во земјава, туку се шири и кај земји-членки на Европската унија, кои ја разгледуваат идеја покрај Хан, во процесот на медијација меѓу македонските политички партии, да се вклучи и некој друг висок претставник на Европската комисија. Освен тоа, во случај Никола Груевски да инсистира изборите по секоја цена да се одржат на 24 април, се подготвува сценарио ЕУ официјално да ја осуди таквата одлука и да ги делегитимира изборите.

Порталот Плусинфо неофицијално дознава дека ако следната мисија на Хан во Скопје, што треба да се случи околу 18 февруари, не даде никаков резултат, односно ако тој не успее да ги приближи ставовите на власта и на опозицијата за клучните прашања, вклучително и за денот на изборите и ако еврокомесарот остане на ставот дека изборите мора да се одржат на 24 април, во процесот, покрај Хан, поактивно ќе биде вклучен друг висок претставник на Европската комисија.

 

Повеќе ОВДЕ