Орбан: ЕУ треба да изгради нова заштитна линија на северната граница на Грција за да го запре напливот од мигранти

0
1210

Европската унија треба да утврди нова заштитна линија долж грчката северна граница, бидејќи спогодбата со Турција нема да е доволна за да ги запре стотиците илјади мигранти кои доаѓаат во Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, цитиран од британските медиуми.

-Мислам дека следната заштитна линија, што треба да ја изградиме, е долж протегањето на северната граница на Грција, изјави тој во денешното интервју за државното радио.

Според него, Бугарија, една од северните соседи на Грција, треба да биде примена во Шенген зоната на ЕУ, а Македонија треба да добие финансиска поддршка и друг вид помош за да може да ја засили својата заштита.

-Мислам дека само договорот со Турција нема да биде доволен, рече Орбан.

Унгарија крена огради долж својата јужна граница за да го запре напливот на мигранти, потсетуваат агенциите.