Општина Центар и Х.Е.Р.А. заедно за помош и грижа на повозрасните

0
872

Општина Центар, во соработка со Здружение на граѓани Х.Е.Р.А. Асоцијација за здравствена едукација и истражување ја започнува реализацијата на идејата за помош и поддршка на старите лица преку отварање на сервис за грижа на стари лица ”Нега Плус”

Од денеска, жителите на Центар, постари од 56 години, ќе можат да се јават на бесплатниот телефонски број – 0800 23151 (од 13:00 до 17:00 часот), или да напишат електронска порака на [email protected]. Општина Центар е прва единица на локалната самоуправа која на своите повозрасни жители им нуди ваков тип на помош и грижа за нив.

A5_flaer_Stari_lica_PRINT_nov-page-001