Општина Центар: Нов ДУП „Пролет“ за решавање на децениските проблеми

0
875

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со советниците и со раководителите на секторите, синоќа оствари средба со жителите на населбата „Пролет”.

Голема беше заинтересираноста за да се дознаат можностите и новините од ДУП „Пролет“, кој е во фаза на изработка.

„За да се реши проблемот на сите згради, од кои најголемиот број се во лоша состојба, се предвидува зголемување на катноста за уште два спрата и поткровје. Со ова, зградите во најстарата населба во Скопје ќе станат атрактивни за инвеститорите. Тие, пак, ќе бидат должни да ја санираат зградата, да постават енергетско-ефикасна фасада, нови инсталации, но и за првпат да инсталираат лифт. Општината нарача елаборат во Институтот за земјотресно инженерство, и на средбата наредната недела ќе ги презентираме наодите за стабилноста, доколку се зголеми катноста“, рече Жерновски.

slika-4-640x320

Граѓаните своите размислувања ќе ги искажат на наредната средба, но и на јавната анкета за ДУП „Пролет“, која, како што вети Градоначалникот, ќе трае колку што е потребно и колку што ќе побараат жителите.

Се очекува новиот ДУП да се најде на Дневен ред на една од наредните седниците на општинскиот совет.