Општина Центар: Нова соодветна локација за Центарот за лица со церебрална парализа

0
888

„Општина Центар утре почнува со расчистување на локацијата каде што ќе почне изградба на првото основно училиште во населбата “Капиштец“.

Во ноември месец,  Владата го додели земјиштето на општина Центар, со цел – изградба на основно училиште, согласно ДУП-от, но 2 месеци претходно, Владата на Дневниот центар за лица со церебрална парализа им го додели објектот кој е сместен на истата локација.

Денеска во Министерството за труд и социјална политика се одржа средба на министерката Фросина Ташевска Ременски со претставници на општина Центар, претставници од Дневниот центар за лица со церебрална парализа и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје.

До 20-ти декември треба да се најде соодветна локација, на која ќе биде адаптиран простор за потребите на овие 40-тина деца. Општина Центар, ќе направи се во рамките на своите можности ќе излезе во пресрет на потребите на Центарот во наоѓање на соодветно решение.

Министерката Ременски се заложи за брзо, ефикасно и подобро решение од сегашното бидејќи, рече, сите работиме во интерес на децата, а тие треба да ги имаат најдобрите услови.

“За состанокот да се информираат и родителите, кои треба да бидат сигурни дека нивните деца ќе бидат соодветно згрижени, според сите неопходни стандарди и потреби“, рече министерката Ременски.

До наоѓање и адаптирање на потребниот простор, Дневниот центар за деца со церебрална парализа, ќе продолжи да функционира на истата локација“, се вели во соопштението на Општина Центар.