Општина Центар: „Настел“ и Азманов казнети со 5.200 евра поради поткоп и уривање на дел на улицата 8-ма Ударна Бригада

0
1137

7665565443

„Фирмата “Настел“ од Скопје ќе треба да плати глоба од 5200 евра бидејќи, согласно законските одредби, не ја обезбедиле градежната јама, што доведе до нов поткоп и уривање на улицата “8-ма Ударна Бригада“, соопштија од општина Центар.

„На градилиштето на фирмата “Настел“, на бизнисменот Зоран Азманов, поради огромната јама која што беше ископана и необезбедена, се отвори дупка на градилиштето и се наруши стабилноста на околното земјиште.

5656655454

Во јануари, оваа година, градилиштето беше затворено од страна на градежна инспекција на општина Центар. Поради опасност од поткопување на улицата и оголување на инсталациите, на истата улица каде што се наоѓа и Италијанската амбасада, компанијата “Настел“ неколку пати беше предупредувана да го реши проблемот.

Надлежните од општина Центар и деновиве излегоа на терен и констатираа дека не само што проблемот не е решен, туку има и нов поткоп и уривање на дел на улицата.

8787665

Инспекцијата донесе решение, освен изречената глоба, “Настел“, согласно Законот за градење, раскопаниот дел да го врати во првобитна положба.

Азманов во 2012-та година има добиено правосилно решение за изградба на 2 објекти за деловни намени. Тоа значи хотел или трговски единици. Едниот објект треба да биде висок 22 метри, а другиот 16,5 метри“, стои во соопштението на општина Центар.