Општина Центар: Министерството за финансии ја блокира работата на новата градинка „Кочо Рацин“

0
1072

„Министерството за финансии го блокира комплетното и нормално работење на новата градинка Кочо Рацин“.

Најсовремената градинка има капацитет за прием на деца во 11 групи, а во моментов има само 7 групи, на возраст од 2-6 години“, велат од Општина Центар.

„Поради недостиг на персонал, во објектот не функционира ниедна група јасли. Најмодерните јасли во Р. Македонија, со подно греење, со кујна по европски стандарди, со посебен влез и лфит, не можат да примат деца бидејќи Министерството за финансии и по 10 барања и интервенции, континуирано од месец февруари, 2015-та, останува глуво на барањата за вработување на една воспитувачка, седум негователки, три хигиеничарки, еден готвач и еден садомијач. Во ек на кампањата ‘Македонија вработува’, децата треба да седат дома, а и нивните родители, затоа што министерството ни ја блокира работата. Тоа е суровата реалност во општина Центар“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Градинка-Кочо-Рацин-9

„Жерновски посочува дека по петнаесеттината барања и ургенции за вработувања во градинката, кои беа досега залудни, со доаѓањето на новиот министер за труд и социјална политика, веднаш беа прифатени, но сега работата е ‘заглавена’ во Министеството за финансии.

Кај родителите веќе има револт кој, најавуваат, ќе го искажат пред министерството. Ова е сериозен проблем бидејќи од надлежното министерство нема согласност за вработувања и во другите градинки кои што се на територија на општина Центар“, соопштуваат од Општината.