Општина Центар: Две казни за „Броз Кафе“, поради незаконски поставена урбана опрема

0
843

„Општина Центар ќе го санкционира незаконското однесување на угостителските објекти. Некои од нив, и покрај укажувањата, не ја отстранија незаконски поставената урбана опрема на јавна површина.

Изминатиот викенд, инспекциските служби констатираа дека “Броз Кафе“, спротивно од законските одредби, има поставено маси и столици (урбана опрема), без добиено одобрение од Град Скопје.

Поради констатирано прекршување на законот, на правното лице му се изречени две глоби во износ од 4000 евра, а на одговорното лице, 30% од одмерената глоба за правното лице.

На “Броз Кафе“ му е наложено да ја отстрани поставената урбана опрема.

Последна опомена им е изречена и на рестораните кои се наоѓаат на “Боемската улица”.

Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со инспекција на сите ресторани, кафулиња и кафе-барови на нејзина територија“, се вели во соопштението на Општината.