Обвинителство: Не наредивме обдукција, „очигледно“ беше дека разузнувачот Софески починал од инфаркт

0
1376

Јавниот обвинител што го водел увидот на местото каде почина поранешниот воен разузнавач, Горан Софески, не наредил обдукција на телото бидејќи лекарската екипа по прегледот констатирала дека Софески „очигледно“ починал од инфаркт и немало никакви сомнежи околу причините за смртта, велат за „Мета“ од Јавното обвинителство.

– Лекарската екипа присутна за време на вршење на увидот, од извршениот преглед на телото на починатото лице, констатира дека е очигледно оти лицето починало од природна смрт, инфаркт. Лекарската екипа и од претходно го познавала починатиот како пациент со кардиолошки проблеми и со два вградени стента. Наредба за вршење обдукција не е издадена од страна на јавниот обвинител, кој ценеше дека од извршениот увид од лекарите и од утврдените факти на местото на починување, нема сомнеж за причините на настанатата смрт – се наведува во одговорот од Обвинителството.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека телото на Софески било пронајдено вчера, во 8.35 часот, кај местото Бела вода, во атарот на кичевското село Раштани.