ОПАААА : Терминот КОРУПЦИЈА се намножи во извештаите на ЕК – Во 2012 се споменува 39 пати, а во 2015 година 77 пати!

0
878

Во извештаите што Европската комисија ги дава за напредокот на Македонија во изминатите четири години, се забележуваат разлики во фреквенцијата на користење на некои клучни зборови, што е индикатор на влошување на состојбите во одредени подрачја, пишува „Мета“.

Така, на пример, терминот „корупција“ во извештајот во 2012 година е спомнат 39 пати, во 2013 година е спомнат 37 пати, во 2014 година – 49 пати, а во 2015 година – високи 77 пати, што е речиси двојно повеќе од извештајот пред четири години.

Зборот „медиуми“ во извештајот во 2012 година е спомнат 29 пати, во 2013 година е спомнат 37 пати, во 2014 година – 57 пати, а во 2015 година се споменува високи 74 пати, што е повеќе од двојно во споредба со извештајот од 2012 година.

Разлика се забележува и во употребата на зборот „реформи“, кој во 2012 година е спомнат 26 пати, а во 2015 година – 82 пати, што е речиси четирипати повеќе.

Сега популарниот термин „криза“, во 2012 година е спомнат само 4 пати, а годинава дури 22 пати.

Владата во 2012 година била спомната 71 пат, а во последниот извештај 111 пати.

Голема разлика се забележува и во употребата на зборовите протести/демонстрации, кои во 2012 и во 2013 година се спомнати еднаш, а во 2015 година – 13 пати.

Повеќе ОВДЕ