ОО СДСМ Ресен со мнозинство во Советот на Општина Ресен Советничката група на СДСМ Ресен успеа да ги заштити интересисте на граѓаните на Општина Ресен.

0
1168

Градоначалникот Ѓоко Стрезовски до советот на Општина Ресен поднесе Предлог – Одлука за избор на приватен партнер за јавно приватно партнерство за реконструкција,модернизација,надградба и оддржување на системот за јавно осветлување во Општина Ресен.

Советничката група на СДСМ ја препозна желбата јавното осветлување,како рентабилна гранка,да биде дадено на приватна фирма со што граѓаните би биле изложени на зголемени трошоци .За среќа ваквата намера ја препознаа и дел од советници од владејачката коалиција.Резулаттот од гласањето беше-три ,,ЗА”,седум ,,ВОЗДРЖАН” и пет ,, ПРОТИВ”. СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните.

Советничка група на СДСМ Ресен