ОК на ДПМНЕ Кр.Паланка во проблем – кај членството нема желба за Комитската вечер

0
940

Огромното незадоволство кое веќе подолго време тлее во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка полека но сигурно го достигнува својот максимум.

12248608_761768053950969_1475339264_n

Локални членови на владеачката партија незадоволни од функционирањето на Општинскиот Комитет, сведочат за сериозни проблеми со кои се соочува организацискиот одбор на партијата за оддржување на Комитската вечер.

Ако до пред минатата година буквално со фаќање на врски во Општинскиот Комитет се доаѓаше до карта за присутство на Комитската вечер, што значи имаше голема заинтересираност, оваа година е сосема спротивното.

Организаторите се доведени во состојба да преку лични контакти и смс пораки, молат за присуство.

Цената на вечерата со неограничен број на пијалоци е симната дури на 300 денари, само за да се обезбеди солидна бројка и не падне голема брука.

Комитската вечер е закажана за утре(петок) со почеток од 19:00 часот во ресторанот Парк во Гиновци.

Останува да видиме, првин дали ќе има доволен број на членови кои доброволно ќе присуствуваат или ќе ги малтретираат вработените во администрација присилно да дојдат, и најважно од се, како ќе се дочека крајот на вечерта, знаејки дека голем дел од членството на кое веќе 10 години му се дава надеж дека ќе им се помогне а од друга страна реално во последниот период се вработуваат само луѓе дојденци од други партии, истото тоа членство е револтирано и гневно на актуелното раководство, што значи може да се повтори истата работа како од пред некоја година кога самите вмровци по неколку чаши алкохол сами помеѓу себе физички се пресметуваа и тоа пред очите на Влатко Ѓорчев, тогашниот носител на листа во 3-тата изборна единица.