Нови скандалозни моменти за ќерката на режимскиот слуга Ушковски!

0
3275

Еден од најистакнатите во „борбата“ против специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиното обвинителство, е претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски. Либертас објави низа привилегии кои ги ужива неговата ќерка Маре Ушковска, поранешна потпретседателка на УМС на ДПМНЕ, со што се откриваат клиентилистичките мотиви во неговата апологетика на режимот на Груевски.

Неговото чупенце, изгледа со гени на генијалец кои режимот успеал да ги препознае, оваа држава го наградува со множество од привилегии, за кои најголем број граѓани може да сонуваат.

Маре нема благе везе од економија, правник доедуциран на Институт за информатика, постипломец по политика… но Грујо ја става како економски промотор во Шкотска.

Малку е тоа што државата ја плаќа да се шеткара по Шкотска како економски промотор, а притоа ниту една шкотска инвестиција не сме виделе, па режимот решил да ја награди и со стипендија за постдипломски студии, насока Државна политика на Универзитетскиот колеџ Лондон, еден од 100-те најдобро рангирани светски универзитети. Оваа стипендија е самата по себе скандалозна, затоа што студиите по политички науки не се третираат како дефицитарни во Македонија, а Груевски решил на чупето на својата пудлица во Судскиот совет да и плати школување токму на ваков студиум – небара ја праќа да студира вселенска технологија, астрофизика, квантна физика, генетика…

Инаку пред добивањето на оваа стипендија Маре Ушковски имала титула „магистер“, но изгледа образованието стекнато во Македонија не сообразува на капацитети на нејзиниот татко за слугување кај Груевски, па овој решава да и го надогради со уште една магистерска титула, овој пат само од Велика Британија.

us fb

Скандалот добива дополнителни димензии ако се види нејзиниот профил на Линкедин, каде навела дека истовремено е на докторски студии на УКИМ во Скопје. Или е гении или пак татко и голем слуга на Грујо, двете работи не одат заедно!

Освен тоа, наместо таа да се врати во Македонија, како дел од обврските кои се презематаа од стипендирањето на Државна политика на Универзитетскиот колеџ Лондон, таа се уште на наша сметка си ја шета дундата низ Велика Британија!

7854943943

Груевски го осипува Ушковски со низа на привилегии, нема да биде изнанедување ако и неговото милениче, куче или маче, го набута да цица од буџетот, се со цел во критични моменти на демонтажа на криминалниот режим овој токмак да излегува и од петни жили да го брани Грујо и неговото инфатилно судство. Затоа, во деновите што престојат може да бидеме сведоци како Ушковски плаче, кука, дека Катица Јанева ги малтретира судиите, како им прави магии, како им подметнува рицинус во храната… Човекот е како крлеж прилепен за системот на Груевски!