Новиот заменик министер за Земјоделство Љупчо Николовски, со богата политичка и стручна едукација

0
3956

Чесен, искрен и посветен на задачите и обврските, без разлика на која работна или партиска позиција се наоѓа. Вака во кратки црти го опишуваат оние кои го познаваат, новоизбраниот заменик-министер за Земјоделство,  Шумарство и Водостопанство, Љупчо Николовски.

_Ljupco_Nikolovski

Човек кој СДСМ ја носи во душа и срце уште како мал.

Редок пример кој на политичкото скалило во самата партија се има искачено од почеток до таму каде што е сега, чекор по чекор со макотрпна работа и голема пожртвуваност.  Со говорот на тело и одличните ораторски но и организациски способности веќе го завзема приматот на еден од најнадежните идни политички фигури во СДСМ.

2000г станува член на партијата.

Политичката кариера ја започнува 2002г како член на Централниот Одбор на СДММ и на комисијата за култура а од 2005 до 2007 е член на Извршниот одбор на СДММ. Во 2007 година е избран за член на Извршниот Одбор на ОО СДСМ Крива Паланка а во 2008 е назначен за секретар на ОО.

За советник во совет на општина Крива Паланка е избран на локалните избори во 2009-та.

Од таа година го презема раководењето со ОО СДСМ Крива Паланка како нејзин претседател.

Во 2011-та како кандидат за пратеник освојува процентуално најголем број на гласови од сите кандидати на СДСМ од Изборната Единица 3 и го зголемува гласачкото салдо во Крива Паланка за неверојатни 300 %, односно од предходните 2200 гласа, пред неговото доаѓање на чело на ОО во 2009-та, за само две години напорна работа, резултатот во 2011 да достигне близу 6000 гласови.

Од 2013 година е член на највисокиот орган на СДСМ, Извршниот одбор при ЦО. А од 01.02 2014 е именуван за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ.

Професионална кариера.

Во 2005-та преку програмата Интерншип – студентска пракса престојува во САД.  По дипломирањето на Правниот факултет во Скопје во 2007 работи како адвокатски приправник и правен советник во Адвокатската канцеларија  Марковска и Андревски, во 2009-та е дел од тимот  на  Analysis and Advisory Group како помлад консултант и е секретар на институтот на директори Скопје. Од 2011-2013 е адвокатски стручен соработник а од 2013-та е Адвокат.

ljupco.nikolovski

Богатото политичко надградување го започнува со присуството на светскиот младински фестивал на ЈУСИ во Барселона, 2004 година, па преку школата за млади политичари во организација на НДЦ – Норвешка и Пакс Кристи – Холандија во Охрид. Европската школа за млади политичари во организација на ИРИ, НДИ и УСАИД во Кишинев, Молдавија, 2006 година. Тренинг за партиципирање на младите во политиката во организација на Мисијата на ОБСЕ, ЈИЕ Тетово , 2006-та. Регионалниот семинар – Младите и жените во политиката во организација на Пактот за стабилност  во Софија. Тренинг за усовршување на вештините за односи со јавноста, во организација на ИРИ во Скопје, 2007-ма. Регионална школа: Млади лидери за европски Балкан. Центар за изградба на капацитети на Белградска отворена школа и ФЕС, Рабац Хрватска 2008г. Летен универзитет на Школата за политика при советот на Европа во Стразбур, 2010 година.

12239536_758747234253051_470476382734972440_n

Образование и едукација.

Основно и средно училиште завршува во Крива Паланка. Од 2001 до 2002 година е претседател на училишната заедница при СОУ Ѓорче Петров. Во 2007г дипломира на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, во групата на Финансово право со просек 9,00. Во 2008г се стекнува со диплома за професионална специјализација по политички менаџмент од Политичкиот оддел на Советот на Европа и Нов Бугарски универзитет (сесии во Македонија, Бугарија и Албанија). 2012-та, положен правосуден испит и стручен испит за застапник пред  Државниот завод на индустриска сопственост за заштита на правата од индустриска/интелектуална сопственост. Магистрант е на Административно право и право на интелектуална сопственост при Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје.

На свои 19 години станува автор на социјално – модерната драма “Будење”.

Активно се служи со Англискиот јазик. Член е на здружението на правници на Р. Македонија и здружението Лионс  Клуб Гази Баба Скопје.