Ниту човек, а ни новинар, срам ми е дури и професијата да ја залепам за неговото име

0
1068

Воопшто не е важен соговорникот, важен е водителот. Ученикот од магарешка клупа.

Локална битанга, кулоарски озборувач и кукавица, силеџија и насилник, некултурен безобразен, смешен, трагичен, обичен циркузант кој реченицата не може да ја доврши, зашто ниту мислата може да ја врзе, човекот со професија пријател на премиерот кој не знае да се бори фер, туку напред мафијашките пријатели прво ги става и буквално, и да се подразбира.

Се додека некој Латас го третира како новинар и не го фрли во една шолја и да пушти вода зад него за да се најде на она место кое го заслужува со своето делување и постоење, се дотогаш нема Латас проблем туку оние кои го перцепираат она што не е ниту некогаш ќе биде.
Ниту човек, а ни новинар, срам ми е дури и професијата да ја залепам за неговото име, за да не ја компромитирам. Не може тој да досегне ни дно, а ни да се воздигне во височини, зашто не е реалeн лик. Измислен е, надреален. Тој не е она за што се претставува ниту има намера да биде. Преведено, Човекот што сте го гледале вечерва, ако сте го гледале, не постои. Ниту е Сител телевизија, ниту се она вести, ниту имаше интервју.

Само така на ова ќе му се стави крај. Со оспорување и доведување во прашање на вистинитоста на она што ни се претставува како вистина.

Офелија Димковска
фејсбук статус