Никола Димитров: За Белата куќа важен е квалитетот на изборите, а не на датумот кога ќе се одржат

0
1195

Поранешниот амбасадор на Македонија во Вашингтон, Никола Димитров, оценува дека квалитетот на изборите, а не датумот е првиот приоритет за САД. Прашан од Алсат-Мза коментар на соопштението од Белата куќа по вчерашната средба на американскиот потпретседател Џо Бајден со македонскиот премиер Никола Груевски, Димитров вели:

„Во краткото соопштение на Белата куќа од средбата со Груевски има три акценти: се потенцира важноста на спроведувањето на договорот од Пржино, се става тежина на активности што ќе обезбедат кредибилни избори и се дава генерална порака дека САД ги поддржуваат евро-атлантските интеграции на Македонија. Никаде не се споменува април, односно датумот на изборите. Очигледно, квалитетот на изборите, тие да бидат кредибилни, е првиот приоритет за САД, што целосно се поклопува со напорите за враќањето на демократијата во Македонија – највисок национален интерес во моментов.“