Не му се лутам на Заев што не не покани нас МАОИСТИТЕ и пумпачите на оптимизам на вечерата со новинарите, го разбирам човекот, у реду е!

0
964

Лидерот на опозицијата Зоран Заев не ги покани уредниците на Мактел, Народен Глас и Доказ на вечерата во Ла Тераца. Со тоа тој де факто се дистанцира од нашиот речник и новинарски стил.

Не му се лутам и посакувам на опозицијата успех на изборите. Оваа борба не е за една вечер или каква и да е материјална корист. Овде се работи за борба за слобода, правда и иднина за сите. Секој нека се бори како знае и умее се додека е искрено и барем малку обмислено.

Го разбирам лидерот на опозицијата , тој мора како политичар да апелира за цивилизираност и пристојност во јавниот дискурс. Наше е да тераме брутално како што знаеме, имаме доволно голема фан група која бара малку погруб однос и талибанците да бидат дигнати на клоци во преносна смисла со мајку и шајку затоа што ненормални времиња барат ненормални техники.

Сепак се надевам дека СДСМ ќе ни дава интервјуа и изјави иако не се согласува со нашиот новинарски пристап. Ете тоа сакав да кажам сега имајте убав ден…

Фејсбук статус на Саше  Ивановски, главен и одговорен уредник на порталот Мактел.мк