Невладина УФУК: Бојкот на ТВ Сител и брзо извинување за навреда

0
1339

Невладината организација „Уфук“ реагира на обраќањето на главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, кој на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното интервју во вестите му рече „лажеш како Турчин“.

„Зборовите што ги слушавме пред малите екрани беа шокантни, длабоко навредливи и неприфатливи. Се прашуваме, воедно и јавно прашуваме од каде Латас ја добива оваа одговорност и храброст. Бараме јавно и за најкратко време извинување од „Сител“ и ги повикуваме сите Турци и слободоумни граѓани на Македонија да ја бојкотираат оваа телевизија. Во оваа пригода апелираме до сите Турци во Македонија да не паднат на ваквите ниски провокации на овој злосторнички медиум“, се вели во соопштението на „Уфук“