На 2 февруари Хан повторно во Скопје, бара соработка на сите партии за фер избори

0
944

 

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на својот официјален твитер-профил извести дека ќе ја посети Македонија во февруари и потсети дека сите партии треба да имаат конструктивна соработка.

han11-670x503

„Поранешна Југословенска Република Македонија: Добредојдени се првите чекори преземени од опозицијата да остане вклучена. Сериозни напори, исто така, треба бргу да направат владеjачките партии за избирачкиот список, Државната изборна комисија и за реформите во медиумите. Конструктивна соработка на сите партии е единствениот пат за да се обезбедат фер и демократски избори. Работата сега мора да се забрза. Ќе се вратам во Скопје во февруари да го прегледам напредокот во подготовките за изборите на ДИК, заедно со меѓународната заедница“, напиша Хан на „Твитер“.

Screenshot_6 Screenshot_7

Европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит, кој посредуваа во разрешување на политичката криза, следната недела во Брисел ќе ја разгледуваат новонастанатата ситуација во Македонија, дознава „Мета“. На средбата е можно да присуствува и еврокомесарот Хан, но засега нема официјална потврда.

Средбата на европратениците доаѓа неколку недели пред посетата на Хан на Македонија.

Европратениците и еврокомесарот за време на нивните последни посети излегоа со различни ставови во врска со спроведувањето на изборите.

Ховит, во интервју за „Телма“, изјави дека се сомнева дека ДИК има доволно време да може да го прочисти избирачкиот список и изборите да се одржат на 24 април. Тој истакна дека не е важно кога ќе се одржат, туку дека е приоритетно тие да бидат кредибилни.

Неколку дена подоцна, Хан не успеа да ги откочи преговорите за отворените точки од Договорот од Пржино. Партиите не успеаја да се договорат за датумот за изборите, а ниту, пак, за прочистувањето на избирачкиот список и за Законот за медиуми. По пропаднатата средба, Хан изјави дека, сепак, има доволно време за да се направат неопходните реформи за кредибилни избори на 24 април.

Мета