На Грујо пред нова година ништо не му оди од рака, сега му рикна и новата предизборна инвестиција ,,ГЕНТЕРМ” , отпуштени преку 300 вработени од ГЕНТЕРМ

0
1084

На 300 работници американската компанија Гентрем денеска им соопштила дека не треба повеќе да доааѓаат на работа, тврди за 24 вести една од работничките која добила решение дека договорот не и е продолжен – пишува 24 Вести

grujo genterm

Официјалното објаснување на менаџментот според работниците било дека засега не се потребни. Им порачале дека не им ги продолжуваат договорите се додека не се создадат услови за работа. Работниците на кои што не им беше продолжен договорот за работа се чуствуваат измамени.

Остануваат на улица а голем дел од нив ги напуштиле претходните работни места поради ново отворената фабрика во нивниот град и ветувањата на власта дека станува збор за сериозен проект. Пред дваесетина дена фабриката ја посети и премиерот Никола Груевски заедно со директорот на ТИРЗ Виктор Мизо. Дадоа различни изјави кога официјално ќе стартува производството.

Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо не е запознаен со одлуката на Гентерм. Компанија според најавите требаше да отвори вкупно 2000 работни места.