На Бихачка владее триумфализам и еуфорија, на нивните лица и во нивниот глас се гледа задоволство од исходот од долгата политичка битка!

0
1406

Извори на Бихачка ни пренесуваат дека во седиштето на СДСМ владее вистинска еуфорија и триумфализам од исходот од мачните преговори кои траат вече неколку месеци а чија разврска се случи во доцните ноќни часови вчера.

sdsm-bihacka

Познато е дека конечно е постигната согласност за законот за влада и законот за забрана за бомби и изборниот законик. По речиси сите прашања, опозицијата го добила токму она што го бараше цело време, а Груевски се обидуваше да се исценка за нешто или барем како што вели нашиот народ да сврти неколку круга околу буништето како кокошка пред да легне пред петелот за да си го добие она што му следува. Груевски успеа да купи 14 дена кои се надвор од предвидената рамка но не успеа да куртули од петелот кој дебело му го начука до балчак!

Дознаваме дека СДСМ успеал да се избори министрите за полиција и труд и социјала да имаат целосно одврзани раце до денот на прогласувањето на изборите тоа е од моментот на поднесување оставка на Груевски и изгласувањето на техничката влада 100 дена пред денот на изборите, а потоа можат да бидат блокирани само за работи од изборите и таа блокада може да стигне преку вето од замениците министри кои се додавка на постојните заменици министри од ДУИ кои ќе останат на функцијата. Практично новите заменици министри нема да имаат целосен мандат на досегашните заменци министри, нивниот делокруг на работа е само по основ на спроведувањето на договорот од Пржино, тие нема да имаат целосни кабинети и нема да извршуваат дејности поврзани со секојдневното работење на министерствата.

ВМРО ДПМНЕ успеало да се исценка за заменици началници и раководители на сектори онаму каде што ќе има промени на овие позиции кои ќе можат да ја блокираат работата на новите началници и раководители преку потребата од врзани потписи. Тие замеици началници ќе бидат поставувани на предлог на замениците министри кои пак се од редот на ВМРО ДПМНЕ. Прашавме дали овие заменици началници и раководители би можеле да ги блокираат акциите и работењето на министерсвата односно секторите во тие министерства, на што добивме одговор дека тоа ќе биде тешко да се случи затоа што секое блокирање ќе мора да биде објаснето пред министрите и пред ДИК зошто се блокира одредена акција, и ДИК мора да се произнесе за 24 часа по тоа прашање.

Исто така прашавме дали самите заменици министри можат да блокираат одлуки и решенија на министрите на што ни беше одговорено дека за тоа ќе одлучува ДИК, имено ДИК ќе ја има надлежноста дали некоја блокада односно вето е оправдана согласно новиот изборен законик, т.е дали одлуката која е блокирана го крши изборниот законик и останатите законски решенија поврзани со изборите. Ова било вака договорено затоа што се тежнеело да се избегне владата како тело кое ќе одлучува по ветото каде ќе имало прегласување на мнозинството кое е во рацете на ВМРО ДПМНЕ.

Дознавме дека новиот министер за внатрешни работи ќе може да влезе во која и да било државна управа во рамките на ДБК и да изврши контрола на нивното работење. Исто така и специјалните единици на полицијата, ЕБР, Тигар и желките ќе бидат целосно под контрола на новиот министер за внатрешни. Дознаваме дека набрзо по гласањето на новиот закон за влада во собрание ќе биде соопштено и името на новиот портпарол на МВР преку кој ќе се одвива комуникацијата со јавноста.

Дознаваме дека и обезбедувањето на премиерот  и другите министри ќе бидат повикани на репорт кај министерот и ќе им биде укажано на нивните надлежности и професионално работење со оглед на тоа што беше забележано во јавноста како бодигардите на премиерот се однесуваат дрско со новинари кои известуваат од јавните настапи на Груевски.

Новини има и во изборниот законик и сега националните телевизии ќе мора да понудат рекламен простор и на опозицијата и нема да смеат да подаруваат рекламен простор на партиите со што ДПМНЕ добиваше на подарок рекламен простор во вредност од неколку милионски евра кои подоцна владата им ги надохнадуваше на телевизиите и другите медиуми во вид на владини кампањи. Исто така, МТВ е должна да прави дебати со политичките партии и исто така е должна да објавува и рекламни спотови на партиите. Партиите ќе мора детално да објаснат од каде им се донациите и за што се потрошени.

Дознаваме и дека законот за забрана на бомбите поминал во верзија која ја посакуваше опозицијата. Имено, забрането е само објавување на нови снимки кои се од приватна природа и кои засегаат во семејството и приватноста, додека снимки кои се од јавна природа и јавен интерес како злоупотреби и кршење на закон или индиции за злоупотреби и кршење на закон ќе може да се објавуваат. Правните лица кои ќе објават снимки од приватен карактер ќе се казнат со парични казни, додека затвор до една година ќе лежи само оној кој ги дал снимките на медиумот. Досегашните снимки кои се објавени од опозицијата не се дел од овој закон, тие се слободни за реобјавување.

Законот за свиркачи пак ги заштитува сите оние кои во јавни институции или приватни фирми ќе реагираат за кршење на закон. Тие имаат право прво интерно да пријават криминал и незаконитост а потоа и јавно и за тоа законот ги штити од отказ или други реперкусии.

Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето во собранието ќе има претседател и заменик од опозицијата додека од 16-те членови, 8 ќе се од ВМРО ДПМНЕ, 4 од СДСМ, по 2 од ДУИ и ДПА и 2-ца ќе се од другите партии. Таа комисија треба да донесе извештај во јануари следната година. Ќе бидат повикувани неограничен број на сведоци од сите страни, и ни беше кажано дека од страна на опозицијата се планира да се повикаат на сведочење Груевски и Мијалков па нивно ќе биде да одлучат дали ќе се појават пред јавноста во собрание да објаснат некои работи за прислушкувањето. Анкетната комисија се планира да ја посети и ДБК и другите управи поврзани со прислушкувањето. На седниците на комисијата ќе присуствуваат медиуми, а ќе се читаат и бомбите.