НОВА БОМБА НА Спасовски: Во магацин откриени формулари за 70.000 дупликат возачки дозволи

0
1084

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска обелодени дека истрагата за скандалот со личните документи зазема скандалозни размери.

На прес конференцијата, Спасовски рече дека откако е откриено дека МВР незаконски печатело личнуи документи, формирал комисија за да влезе во магацинот со документи и да изврши попис. Комисијата пронашла 70 илјади формулари кои не биле евидентирани дека постојат во магацинскиот компјутер.

– Станува збор за исти документи со исти сериски броеви. Имам признание дека службеник на МВР бил известен дека има дупликат, но не реагирал се до барањето за попис. По најавата за попис тој ја известил фирмата добавувач за дупликатот, рече Спасовски.

Спасовски тврди дека висок раководител е вмешан скандалот. Спшоред него можеби со овие формулари се планирало продажба на возачки дозволи. Исто така рече дека не дозволил фирмата да ги повлече формуларите, туку дека тој ќе формира комисија која ќе ги уништи овие документи.

Спасовски контактирал со германската фирма која е добнавувач на формуларите, а од таму биле изненадени за ваквиот пропуст за кој досега никој не реагирал.