НИЕ ИСЕЛЕНИТЕ #Каракамишева #Иселените #Петровски #Геноцид

0
1375

Токму пред Божиќ, професорката Каркамишева на прекрасен начин им ги честита празниците на сите Македонци и Македонки чии деца заминале во странство, на целокупната Македонска дијаспора и на сите оние кои наместо да седат на семејната трпеза со своето семејство, Божиќ го поминаа како обичен работен ден во некоја странска земја.

Драга моја Каракамишева, како професорка ти барем треба да знаеш дека анкетирање на 30 од 700000 иселени не е ама баш никаква основа за ништо. Изгледа доста си бегала од часовите по статистика, па некои работи ама ептен ти промакнале. Можеби кога ќе го прошириш спектрумот на интервјуа или анкети, ќе видиш дека многу од нас ИСЕЛЕНИТЕ доаѓаме од семејства во кои ни дале многу љубов и внимание. Родители, тетки, чичковци, сестри, браќа, братучеди, братучетки со кои сме биле многу блиски. Многу од нас сме биле во успешни љубовни врски со луѓе кои ни значеле. Многу од нас сме имале прекрасен соцјален живот и пријатели. Но сме морале да ги напуштиме и нашите семејства, и нашите љубови и нашите пријателства зашто сме морале да се бориме за егзистенција, како наша, така и во многу случаеви онаа на нашите семејства – во кои со среќа сме имале еден вработен родител. А нашите драги луѓе, со тешко срце се одвоиле од нас, исто како ние од нив во надеж дека ќе имаме некоја подобра иднина – таму далеку во странство.

Заминавме во странство, некои се вративме, пробавме и не успеавме зашто наидовме на такви створови како Вие и гардата на која припаѓате кои не омаловажуваа, понижуваа и сакаа да ползиме пред нив како гасеници со наведнати глави. Тогаш со тешко срце, решивме повторно да заминеме зашто како што добро потенцира една моја познаничка тука веќе #НеСеДише. Не се дише веќе овој политички смог, не се трпи такви како тебе да се изживуваат врз нас, не се трпи една цела гарда политички полтрони кои се длабоко навлезени во секоја ќелија на нашата македонска администрација. Советници и советнички кои лакираат нокти, кои дремат во кафулињата на скопскиот кеј во текот на целото работно време, кои навидум имаат дипломи, но всушност не знаат да напишат ни еден обичен маил. Продавате пропаганда за убавините на Македонија, за гостопримството, за тоа како тука е рај на земјата – кого ли залажувате кога државата се наполни со тажни лица на кои насмевката им се одзема на брутален начин секое едно утро кога стануваат од кревет?

Секој родител копнее детето да му биде блиску, но да биде блиску и среќно, а не тажно, депримирано – не заради недостиг на љубов во домот, туку заради недостиг на љубов од државата – онаа која сега е во рацете Ваши – експерти по геноцид. Вие никогаш нема да сфатите колкава е храброста и љубовта на родителот кој му вика на своето дете – Оди во подобар живот – додека срцето им се стега, а перницата се мокри со илјадници родителски солзи.

Ќути не зборувај, замолчи, немој, пази – е она што го слушаме на улиците на Македонија, секој пат кога се буди револтот во нас. И додека ние ИСЕЛЕНИТЕ, го поминуваме Божиќ на Вибер и ФБ, молејќи ги нашите семејства да ни доловат моментите од Божиќната вечера преку слики и видео конференции, Петровски и неговите следбеници, по примерот на Каракамишева, наеднаш се засекираа за егејското прашање, па како доказ дека нешто се прави во тој правец сега се самиотпостира по Егејските ФБ групи – има по 8 лајка на пост – добро е идеме даље.

Петровски – ака голем Твитерски трол – додека ти си ги поставуваш прашањето за тоа каде изчезнале Егејците и плукаш по јужните соседи – почни да не архивираш нас – ИСЕЛЕНИТЕ – наскоро исчезнатите кои се повеќе не има затоа што не јужниот сосед него ти и таквите како тебе полека но сигурно не истребуваат. И додека ти грееш директорско место, илјадници наши граѓани полека се иселуваат од своите домови во потрага по подобро утре. Ние Егејците, чиишто семејства конечно најдоа мирен дом во Македонија во 70-тите сега повторно, заедно со многу други граѓани сме повторно протерани од нашиот дом. Нашите баби и дедовци кои животот го дадоа за Македонија, сега сигурно плачат во своите гробови.

Прекини да се перчиш ко петел низ градот, туку почни да не евидентираш нас и Вашиот нов политички геноцид кој е уште пострашен од Егејскиот, зашто овој пат геноцидот го вршат Македонците на власт врз Македонците без власт. Но да, ти сигурно не помислуваш на тоа и редовно си пиеш кафе со Каракамишева која ти вели: “Филипче, не се секирај, не е до нас ние сме топ – сите тие заминуваат во странство во потрага по љубов”.

Се надевам дека политичките прилики ќе се сменат и дека еден ден Вашите деца ќе дојдат и ќе Ви кажат “Си одиме” – можеби тогаш драги мои ќе си напраите солидни анкети и истражувања на самите себеси и ќе дојдете до многу интересни сознанија.

Поздрав од дијаспората,

Со многу љубов –МааааКеедонија ин мај харт!!!

ЕленаА.