НЕВИДЕНА ПЕРВЕРЗИЈА НА РЕЖИМОТ: Нема телевизор, слепа на едно око, а УЈП и ја блокирала сметката поради неплатена радиодифузна такса

0
1000

Размена Конеска има 86 години, видот на едното око и е изгубен, во домот нема ниту телевизор, ниту радио. Живее во селото Подвис, во општина Кривогаштани, во мало куќарче градено од плитари со две соби, со раскупани ѕидови, на земјен под со минимална пензија од 5.400 денари, наследена од својот покоен сопруг, пренесува Радио Слободна Европа.

Но, иако таа не гледа телевизија, ниту слуша радио, УЈП и ја блокирала сметката за неплатен долг за радиодифузна такса.

„Немам телевизор. Кога ме блокираа јас си исплатив, отидов таму и платив. Мене ми зедоа 4.000 ден, плус одење до Прилеп, во УЈП по тие скалите ќе паднев, ќе се запустев, не можам ни да одам, ни ништо, ниту пак гледам со едното око“, се жали Размена Конеска.

Извршно решение добила и за струја, а вели плаќа редовно и за улично осветлување, иако според адресата на која ја добива поштата, оваа жена живее во населба без улично осветлување, како жител на соседното село Локвени.

Но, без оглед дали ова куќарче крај руинираниот пат се води во селото Подвис или Локвени, во домот на оваа жена нема квалитетно напојување. Куќата се распаѓа, по поплавите што ја зафатија општината, ѕидот е распукан и животот и е во постојан ризик. Уште ги чека парите за отштетата од поплавите.

Во случајот на Размена Конеска сугерираат од Регионалната дирекција на УЈП до Битола, таа треба до МРТ да поднесе барање за ослободување од такса, а Македонската Радио Телевизија ќе утврди дали ги исполнува условите.