НЕВЕРОЈАТНО: СДСМ иако се враќа на власт сепак го прифати предлогот на Хари Костов за валутен борд!

0
1456

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов од редовите на СДСМ пак, вели дека е неопходна фискална консолидација и формирање на независна институција за нејзино спроведување.

– Мора да се има во предвид дека цела деценија фискалната политика е водена од кумашинскиот двоец Груевски – Ставревски. Тие се главните виновници за ризикот од банкрот којшто и се заканува на Република Македонија. Се согласувам дека е неопходна фискална консолидација и затоа СДСМ во својата програма нагласува дека бара екстремна транспарентност при донесувањето на Буџетот на РМ, наплатата на јавните приходи и посебно транспарентност при трошењето на парите на граѓаните. Воедно и во самата програма на СДСМ, а и за време на претходните избори, велиме дека е неопходно формирање на независен Фискален совет – вели Наумов.

Но, како што потенцира Наумов, фискалниот совет има советодавна улога и без политичка волја да се спроведат неговоте совети, тој не би имал никаква функција.

– И да има коалициона влада што ќе донесе фискален совет, па макар и валутен борд, ако нема политичка волја за финансиска консолидација и ако не постои буџетска транспарентност, тоа ќе биде тело што е формирано колку да се каже – вели Наумов.

Во регионот, фискален совет има Србија. Тамошниот Совет, пред повеќе години алармираше дека јавниот долг во Србија е неодржлив и препорача мерки кои делумно се спроведоа.Она што е предност во Србија, потенцира Наумов е што оваа држава има аранжман со ММФ, па постои и соработка меѓу ММФ и фискалниот совет.

Според програмата на СДСМ фискалниот совет кај нас, би функционирал како независен орган формиран од страна на Собранието на Република Македонија, а во него би членувале истакнати експерти по финансии или економија, со мисија да го оцени кредибилитетот на фискалната политика и да обезбеди нејзина транспарентност и предвидливост.

Повеќе за ова на порталот Плусинфо.